Вардар подобар на градското дерби.

     Лидерот на табелата во ПМФЛ им се врати на победите со триумф од 1:0 во градската пресметка со Работнички, во дуел во рамките на 27 коло од ПМФЛ.
     Вардар имаше контрола врз целиот меч, повеќе шанси и заслужено ги освои трите бода од овој меч.
Голот за Вардар го постигна Стефан Цветковиќ од слободен удар.
     Следното коло Вардар му гостува на Шкупи.