Дерби натпреварот на 26то коло помеѓу Пелистер и Вардар остана без голови.
Иако Пелистер игра за опстанок а Вардар го чува врвот на табелата, епитет големото дерби во целост го заслужи овој натпревар.
Пелистер секогаш мотивиран кога игра против Вардар, Вардар иако подобар и со повеќе шанси за гол, не успеа да погоди на
овој тврд натпревар кој заврши без голови.
Вардар после ова коло е со еден поен предност пред второпласираниот тим во 1ПМФЛ.
Следното коло на 11 04 2026, на Вардар му гостува Работнички на Градскиот стадион, од 15:30.