Вардар на денешниот натпревар го повтори резултатот од претходното коло, односно го прегази и Тиквеш со 7:0.
Од самиот почеток на натпреварот Вардар го постави својот напад пред голот на Тиквеш, и така беше целиот натпревар. На овој меч
фудбал можеше да се види само од играчите на Вардар, кои уште во 3та минута поведоа со голот на Цветковиќ.
Погодија и Закариќ, Велоковски, Јанкулов, и три пати беше прецизен Омерагиќ, во неговиот јубилеен, 100ти натпревар во
дресот на Вардар. Тој е и најдобар стрелец во тимот со постигнати 13 погодоци.
Следното коло Вардар ќе ги одмери силите со Башкими.