Дисциплинската комисија при ФФМ го казни ФК Вардар АД со еден меч играње без публика и 5000 евра парична казна.
Во образложението меѓу другото стои:
...„На натпреварот одигран на ден 21.06.2026 година помеѓу ФК Вардар АД Скопје и АД ФК Башкими 1947 Куманово, на трибините била присутна
домашна навивачка група која во текот на натпреварот во повеќе наврати извикувала навредливи и дискриминаторски скандирања со
етничка конотација. Во текот на прворо полувреме од страна на домашната публика било употребено пиротехничко средство, при што се
создал густ чад на трибината и натпреварот бил привремено прекинат“...
Одлуката во целост е објавена на сајтот на ФФМ.
Така што поради погоре наведеното ФК Вардар утрешниот меч за трофејот Куп на Македонија против екипата на Охрид, ќе го одигра без публика.