Дерби натпреварот на 20то коло исполнет со многу груба игра, каде што Вардар гостуваше на Струга ТЛ, заврши нерешено, 1:1.
Вардар поведе со 1:0 во првото полувреме со голот на стоперот Мислав матиќ по изведен корнер од Закариќ.
Во продолжение Вардар успешно ја држеше играта и резултатот, додека домашната екипа демонстрираше претерено груб фудбал и натпревар
со многу прекини, притисоци и тензии.
Од сомнителна ситуација Струга постигна гол во 82ра минута, кој беше постигнат под подигнато знаменце за офсајд,
но ВАР сигнализацијата по прегледот покажа дека тоа е гол.
Со тој исход 1:1 заврши овој дерби натпревар кој во очите на вистинските љубители на фудбалот ја имаше загубено својата убавина.
Следното коло ни претстои уште еден дерби натпревар против второпласираната Шкендија, во четврток од 14 часот.