Вардар го штиклираше и Кратово.

     Натпреварот од 22 коло на 1ПМФЛ кој го носеше епитетот дерби, помеѓу екипите на Силекс и Вардар, заврши со победа на гостите од Скопје со резултат 0:1.
     Вардар ја наметна својата иницијатива уште од самиот почеток на натпреварот. Имаше можност преку Омерагиќ, потоа стативата со глава ја погоди и Дарко Велковски, следеше и пречка со шут од далечина на Горан Закариќ, за во 43та минута Стефан Цветковиќ го постигне победничкиот гол за екипата на Вардар.
Претходно во 26та минута црвен картон доби играчот на Силекс Дарко Додев, па со играч помалку во противничкиот табор, Вардар и не виде некоја мака да го задржи водството до крајот на натпреварот. Црвен картон доби и тренерот на ФК Силекс Александар Васоски.
     Вардар останува прв на табелата со 55 бода, сега 3 бода повеќе од второпласираната Шкендија.