Вардар е победник на градското дерби.

     Во рамките на 18то коло на 1ПМФЛ екипата на Вардар славеше на гостувањето на Работнички со 3:0, победа која за Вардар е петнаесета во годинешново првенство, и со 48 бодови цврсто го држи врвот на табелата.
     Вардар од самиот почеток ја наметна својата победничка игра, и сосема заслужено стигна до сигурна победа против градскиот ривал Работнички.
Резулатот го отвори Горан Закариќ уште во осмата минута на асистенција од Азер Омерагиќ кој пак прецизно стрелаше во 16та минута за водство на Вардар од 2:0. Резултат со кој се отиде на пауза.
     И второто полувреме помина во целосна доминација на фудбалерите на Вардар.
Во 48та минута новодојденецот Стефан Цветковиќ постигна еврогол биејќи од 20тина метри од левата страна, дијагонално во аголот на немоќниот голман на Работнички.
3:0 во корист на Вардар е конечниот резултат на овој натпревар.
На натпреварот дебитираше новото засилување на ФК Вардар, аргентинецот Торес Јоаким, во чии мајстории допрва ќе уживаме во мечевите од следните кола.

     На следниот ЛИНК, можете да ги проследите изјавите на Стефан и Горан по повод денешниот натпревар.