Вардар е есенски шампион на Македонија.

     Вардар со 42 освоени бода повеќе од заслужено ја освои титулата есенски првак во Првата македонска фудбалска лига, одигрувајќи полусезона без ниту еден пораз.
Со денешната победа од 2:1 на гостувањето во Ѓорче Петров, Вардар го потврди успехот кој го одржува и надградува цела полусезона.
    На денешниот натпревар последен оваа полусезона, Македонија ЃП поведе со голот на Еступињан во 54та минута, за потоа да следи целосен пресврт со двата гола на офанзивецот на Вардар, Азер Омерагиќ. Прво погоди во 63та минута, и неколку минути подоцна во 66та минута постигна гол за конечен резултат од 1:2.
    Вардар полусезоната ја завршува со 13 победи и 3 нерешени на 16 средби, и има еден бод повеќе од вториот на табелата Струга Трим Лум.
Шампионатот на Македонија продолжува во месец февруари.