Роден е во Струмица на 17 април 1955, каде што се и неговите фудбалски почетоци од рана тинејџерска возраст.
Од Беласица преминува во Партизан, па две сезони во Тетекс, за од 1977 до 1986 година да биде дел од црно-црвеното семејство.
За Вардар има одиграно повеќе од 200 меча и постигнато 93 гола. По една полусезона е дел од Динамо Загреб и германскиот Аjнтрахт.
Васил Рингов е еден од најдобрите фудбалери на Македонија на сите времиња. Минатото уживаше во неговите мајстории на зелениот подиум.
Аплаузот што тој го предизвика сѐ уште трае, и ќе остане гласен и почитуван далеку во иднината.
Ти благодариме легендо!