Убедлива победа против Арсими.

     Вардар останува на врвот на табелата во домашното фудбалско првенство, по убедливата победа против новиот прволигаш Арсими, со 1:4 на гостувањето во Гостивар.
    Репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато постигна три гола - првиот во 10-та минута, вториот во 35-та и третиот во 47-та. Матиќ постигна гол во 29-та минута.
    За домашната екипа, која промаши пенал во 59-та минута за кој Најдовски доби црвен картон, погоди Рамадани во 72-та минута откако топката се одби од живиот ѕид по слободниот удар.
    По 6 кола, имаме пет победи и едно реми, односно 16 бода на делба на првата позиција во поредокот.

    Изјавата на Мато и Матиќ, на следниот ЛИНК.